Малопродажните цени на бензините се намалуваат од ноќеска на полноќ за 1,5 денари, додека цената на дизелот и екстралесното поскапува за половина денар. Ваква одлука во понеделникот донесе Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, литар еуродзиел БС-95 ќе се продава по 78,5 денари, додека цената на литар еуродизел БС-95 изнесува 80 денари. Малопродажната цена на литар еуродизел од утре ќе изнесува 67,5 денари, додека литар екстралесно малсо за домаќинство ќе се продава по 56 денари.
Малопродажните цени на бензините се намалуваат од ноќеска на полноќ за 1,5 денари, додека цената на дизелот и екстралесното поскапува за половина денар.
Ваква одлука во понеделникот донесе Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, литар еуродзиел БС-95 ќе се продава по 78,5 денари, додека цената на литар еуродизел БС-95 изнесува 80 денари.
Малопродажната цена на литар еуродизел од утре ќе изнесува 67,5 денари, додека литар екстралесно малсо за домаќинство ќе се продава по 56 денари.
Согласно одлуката на Регулаторите, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,178 ден/кг, со што цената на еден килограм М-1 НС изнесува 39,454 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 3,58 %, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,12% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,42%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.